Последен “танц” оваа сезона!

Утре ќе се одигра последното коло од оваа натпреварувачка година во Првата македонска фудбалска лига, а Пелистер на домашен терен ќе ја пречека екипата на ФК Беса од Добридол.Натпреварот е закажан во Сабота во 17:00 часот, поради финалето од Купот на Македонија.

Екипата на Захариевски е спремна за последниот предизвик оваа сезона, иако пелистерци веќе одмана го осиграа своето место за следната сезона, сигурно нема да излезат со бело знаме и овој пат ќе одат на победа!

Предходниот натпревар против Силекс, шанса за настап добија повеќе млади играчи од таборот на Пелистер и докажаа дека Пелистер може да смета сериозно на нив и следната сезона.За натпреварот со Беса сите играчи се спремни, освен Габриел Крстевски кој минатата недела поцрвена во Кратово и мора да отсуствува.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *