Овој викенд и официјално започна новата сезона и во младинските категории, каде во првото коло нашиот Пелистер се сретна со екипата на Арсими.
Во првиот натпревар, одигран на домашен терен против екипата на Арсими, нашите кадети предводени од Ганчев, во ефикасен натпревар со сериозен пристап, убедлива игра и постигнати дури седум погодоци, ја започнаа сезоната во Кадетската Супер Лига на Македонија.Стрелци на головите за Пелистер беа: Никола Капсаров ( 2′ , 48′ , 60′) , Петар Смилков исто така со три погодоци (37′, 53′, 62′) и за крај Осман Хасановиќ во 68-мата минута го затвори овој резултат за конечни 7-2.
Подоцна на сцена стапија и младинците на Пелистер, предводени од тренерот Штерјовски издвоија рутинска победа над своите врсници од 3-1 на домашен терен, а стрелци на головите за зелено-белите беа: Лука Илијовски во 40-та минута, Меритон Шабановски во 48 – ма минута и Дарко Димитровски во последната минута од овој натпревар за конечни 3-1.
Ова коло, пионерите и помладите пионери го играа на гостински терен, но тоа не претставуваше никаква опасност за нив, па со рутински победи се вратија од Гостивар.Први на терен излегоа момците на Стерјов, односно помладите пионери кои со 1-2 го добија овој натпревар, а стрелци на головите за нашиот тим беа: Виктор Малков во 25 минута и Дамјан Стрезовски во 89 минута од натпреварот, додека пак пионерите на Тодоровски започнаа фуриозно и уште во 8. минута го отворија резултатот преку Петар Гулугаровски, за потоа да погоди и Бојан Николовски во 17 минута, а веќе во 25 минута Пелистер поведе и со 0-3 со вториот гол за Гулугаровски.Подоцна во листата на стрелци се запишаа и Филип Лазаревски во 85 минута и Јане Соколовски во 90+2 за конечни 2-5.
