Пелистер ја продолжи соработката со 8 фудбалери !

Фудбалскиот клуб Пелистер ја известува јавноста дека денеска клубот ја продолжи соработката со осум фудбалери, што беа во ланскиот тим, и со тоа го задржа костурот на екипата за следната натпреварувачка сезона.

ФК Пелистер успеа да заврши голема работа со продолжувањето на договорите на играчите кои се носители на играта.За следната сезона нашиот клуб на располагање ќе ги има следните играчи: Петар Љамчевски, Борче Маневски, Бојан Спиркоски, Марио Наумоски, Благоја Љамчевски,Филип Миленковски, Христијан Гроздановски, и првиот голман Илче Петровски.

ФК Пелистер исто така ја известува јавноста дека наскоро ќе бидат објавени и новите играчи.

Целите на клубот остануваат исти, како и прошлата сезона, а тоа е прво место во ВМФЛ и промоција во елитата, и враќање во прволигашката конкуренција.