Денеска започна втората полусезона од втората македонска лига, каде нашиот тим на домашен терен ја пречека струмичка Беласица.По убаво време и прекрасен тревник на стадионот Петар Милошевски, пелистерци излегоа мотивирано и решени да ги земат првите зимски бодови.
Тренерот Костов излезе со напаѓачки состав и уште од старт се виде дека не погреши.Новајлијата во екипата Вилдан Керим уште во првите минути од натпреварот имаше две стопостотни шанси, но за жал не успеа да погоди во мрежата на струмичани.Но битолчани не застанаа тука, напротив се редеа шансите кон противничкиот шеснаесетник, и конечно во 35 минута од натпреварот, после една нафрлена топка во шеснаесетникот на Беласица, одлично се снајде Христов и го матира голманот на Беласица за голема радост на битолчани.
Не требаше долго време за пелистерци да го удвојат водството, па затоа во 41 минута од натпреварот покрај еден центаршут на Трајковски од десната страна, се створи мешаница пред голот на гостите, а најдобро се снајде Спиркоски кој погоди за 2-0.
За нештата да станат појасни, се погрижи Христов во 45 минута со неговиот втор погодок и за конечни 3-0.
Второто полувреме се играше вооглавно во средината на теренот, Пелистер створи неколку шанси но за жал не успеа да го смени резултатот.Со оваа победа Пелистер се искачи на втората позиција кој води во ПМФЛ.
Следен натпревар кој Пелистер го игра е против екипата на Новаци на 24.02.24!