Фудбалерите на Пелистер денеска го одиграа натпреварот од 1/16 финалето од Купот на Македонија, каде се сретнаа со незгодната екипа на Тетекс од Тетово.Натпреварот се одигра на стадинот во Јегуновце.
Фудбалерите на Пелистер тргнаа како во грч, па затоа првото полувреме им припадна на домаќините од Тетово.Тетекс го презеде водството во 35 минута преку Николовски, и резултатот остана непроменет до крајот на првото полувреме.Сепак паузата добро влијааеше на пелистерци, па момците на Капинковски уште на стартот на второто полувреме преку младиот Стојановски дојде до изедначување на резултаат, а кон крајот на натпреварот искусниот Спировски го потврди пресвртот за Пелистер за 1-2, и со овој резултат Пелистер го осигура 1/8 финалето.
