Пелистер се раздели со неколку фудбалери!

Во текот на зимската пауза екипата на Пелистер одлучи да се раздели со некои фудбалери, за кои клубот мисли дека е потребно тие да најдат свои нови средини.

Со доаѓањето на новиот тренер Захариевски, неколку играчи кои ги бранеа боите на Пелистер во летната полусезона, веќе нема да настапуваат за Пелистер, односно клубот и играчите споразумно го раскинаа договорот!

Пелистер нема повеќе да смета на Бобан Георгиев, Дамјан Масевски, Александар Катаниќ, и младиот Михаил Талевски кој своеволно реши да премини во редовите на ФК Вардар, иако клубот даде све од себе за тој да остане во Битола.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *