Пелистер се одјави од Охрид!

Денес Пелистер го одработува последниот, односно 10-тиот ден од зимските подготовки во Охрид.Фудбалерите на Пелистер со натпреварот против Беса и официјално се одјавуваат од Охрид и подготовките ќе ги продолжат во Битола, каде што генералката ќе ја одиграат против екипата на ФК Новаци на 9-ти февруари.

Захариевски им даде шанса на сите фудбалери освен на повредените Андреј Јовчевски и Мирко Ивановски.Како што вели Захариевски тој е задоволен од сработеното и верува дека Пелистер ќе се прашува нешто оваа зима.Овие подготовки Пелистер одигра вкупно 4 подготвителни натпревари на кои издвои една победа, еден нерешен резултат и два порази.

Сакаме Пелистер да игра поофанзивен фудбал, да создаваме шанси, а ни останува да видиме како сето тоа ќе го вкомпонираме во една целина.Сакаме да работиме напорно во овој период, на тоа сме целосно посветени и во тој ритам ги работиме на подготовките. Најбитно за нас е она што ќе го подготвиме, да се примени на терен на офоцијални натпревари, а не на пријателски натпревари. Сите фудбалери имаат иста минутажа, но на крај ќе видиме кој ќе се избори за место во првиот тим“, рече Захариевски.

Свое видување за подготовките даде и капитенот Мирко Ивановски, кој иако не настапи на ниеден натпревар сепак со своето искуство е желен и мотивиран да го издигне Пелистер.

„Имаме одлични услови за работа, одличен хотел кој излегува во пресрет на сите наши барања. Подготовките се движат во одлична насока. Се надевам дека не само со мене туку и со останатите фудбалери сè ќе биде во ред и максимално подготвени ќе го дочекаме стартот на вториот дел.Резултатот е најмалку важен во моментов, а најважно е да нема повреди и да го работиме тоа што ни кажува тренерот. Пролетва не се плашиме од никого, одиме да се натпреваруваме, да победуваме, бидејќи ние сме Пелистер. Очекувам дека сезоната ќе заврши како посакуваме, ќе ја оствариме целта, а тоа е опстанок во Првата лига. Јас лично се надевам дека можеме и чекор понапред. Но, да не се залетуваме, прво да ја оствариме целта, а потоа ќе видиме“, рече Ивановски.

 

Кратко видување на овие подготовки даде и претседателот на Пелистер, господинот Митко Стојковски:

“Екипата е во припремен период, тренира напорно секој ден и тоа по два тренинга, па затоа резултатот на овие подготвителни натпревари е во втор план, секогаш така било, па така е и сега.Се гледаат многу добри работи во играта, но секако има и работи што мора да се корегираат .Имаме уште две недели до стартот на првенството, и ние се припремаме за она што не чека во пролетниот дел, и сум сигурен дека ќе ја исполниме нашата цел за оваа сезона” рече Стојковски за клупската веб страна.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *