Ростерот на ФК Пелистер за сезоната 2025/26 е посилен за уште едно квалитетно и искусно име од македонските терени. Наш нов член е Марјан Ристовски, кој потпиша договор на една сезона со ФК Пелистер. Се работи за 28-годишен страничен фудбалер, со акумулирано искуство со настапите во нашата Прва лига.
Ристовски е роден во Гевгелија, а во мак-фудбалот настапувал за Кожуф, Тиквеш, Борец, Работнички, Силекс, Вардар, Брера Струмица и грчка Кавала. Во Првата македонска лига има 124 натпревари и 20 голови. Во есенскиот дел од минатата сезона за Брера Струмица одигра 14 натпревари.
Марјан Ристовски е трето засилување на ФК Пелистер ова лето по Стефан Спировски и Петар Ристиќ.
