Денеска се одигра вондредното коло од ВМФЛ каде нашиот Пелистер беше гостин во Радовиш кај екипата на Детонит Плачковица.Влатко Костов имаше мал пех во составот затоа што го немаше најдобриот стрелец на тимот, односно Симеон Христов кој поради повреда не настапи на овој натпревар, и исто така не настапи искусниот Ѓорги Танушев.
Пелистер започна претпазливо, со доза на притисок бидејќи однапред беше деклариран како фаворит.Притисокот, лошиот терен си го направија своето.Првото полувреме Пелистер за жал не се снајде најдобро, редовите во битолскиот великан беа измешани, фудбалерите неможеа да дојдат до квалитетна шанса, освен шутот од далечина на Јованчо Трајковски кој заврши неколку сентиметри над рамката на голот.Гостите стигнаа до погодок после една мешаница во нашиот шеснаесетник, и тоа беше единствената посериозна шанса која ја имаа домаќините.
Второто полувреме започна обратно од првото.Овде нашиот Пелистер демонстрираше добар фудбал, напаѓачки фудбал.Во 70 минута Јованчо Трајковски по еден соло продор по десната страна беше соборен во шеснаесетникот и судијата Карчески досуди пенал за Пелистер.Пеналот го изведе капитенот Љамчевски Благоја, но за жал не успеа да ја погоди мрежата и резултатот остана непроменет.
Со овој пораз Пелистер се уште се наоѓа на второто место кое води во ПМФЛ со еден бод повеќе од третиот Детонит.Момците на Костов следно играат против ФК Кожуф на домашен терен во сабота на 09.03.24 во 14:00 часот.