Пелистер гостува во Виница, тимот на Бабунски спремен за следниот предизвик
По победата против Детонит Плачковица со 2-0 минатата сабота во Битола, екипата на Пелистер цела недела се подготвува за гостувањето во Виница против домашната Слога, во рамките од 23. коло на Втората лига. Ова е само вториот меѓусебен натпревар на двете екипи во историјата, откако во првиот дел на сезоната во Битола „зелените“ славеа со 3-0.
Бабунски го има целиот ростер на располагање и битолчани се надеваат на продолжување на победничката серија.
Главен судија: Никола Иванов (Велес)
Асистенти: Андреј Ќамилов (Велес) и Александар Ајдаров (Велес)
Четврти судија: Ангел Гелов (Кавадарци)
Делегат: Аети Раман (Скопје)
Контролор: Слободан Стојисављевиќ (Прилеп)
Последен меѓусебен натпревар (16 октомври 2022):
Пелистер – Слога Виница 3-0 (1-0)
Во рамките на осмото коло од Втората фудбалска лига, екипата на Пелистер, на свој терен во Битола, на стадионот „Петар Милошевски“ на одличен терен и убаво време, ја победи екипата на Слога од Виница со резултат 3-0. Головите ги постигнаа Драгарски, Наумовски и Благоја Љамчевски.