Во третиот контролен натпревар на фудбалерите на Пелистер ова лето, избраниците на Димитар Капинковски загубија од новиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров во Струга со 2-1. Единствениот погодок за битолчани го постигна Петар Ристиќ во 90. минута од пенал. Двата тренери настапија со „шарени“ состави и шанса им дадоа на младите фудбалери.
Фудбал
Пријателски натпревар
Македонија Ѓорче Петров – Пелистер 2-1 (2-0)
Стадион во Струга
Стрелец за Пелистер: Ристиќ од пенал во 90. минута
Пелистер:
Димовски, Бошковски, Ристевски, Стојановски, Крстевски, Ангелевски, Наумоски, Ристовски, Керим, Ристиќ, Здравевски
Уште играа:
Јовчевски, Петровски, Ивановски, Здравковиќ, Мурговски, Гроздановски, Спировски, Силјановски, Мрмачовски, Тодороски, Фејлузовски, Пивковски
Следниот контролен натпревар е викендов против второлигашот Охрид.
