Денеска се одигра 8 то коло од ПМФЛ, во кое што нашиот Пелистер гостуваше во Струмица кај Брера.
Долго време се играше цврсто и без шанси, како шаховски да се надмудруваат противниците. Димитар Тодоровски во 11. минута прв се закани, но неговиот удар со левата нога го одбрани Јовчевски. Клучниот момент се случи во 17. минута, кога Мато му побегна на Ристевски, кој го повлече за дрес, кога овој излезе сам пред противничкиот голман, и судијата Влатко Илиоски му покажа црвен картон. Влатко Костов веднаш го повлече Гоергиев и го внесе Гроздановски во одбраната.
Кога се чинеше дека првиот дел ќе заврши без голови, најактивниот на теренот, Ристовски се одлучи на удар од дваесеттина метри од десната страна, топката незгодно високо отскокна и го измами немоќниот Андреј Јовчевски (1-0).
Второто полувреме пак не започна по добро за Пелистер, бидејќи битолчани веднаш примија и втор погодок кој го постигна Јанкулов, и со тоа ги направи плановите на Пелистер уште потешки.Потврда за тоа дојде и во 61. минута, кога Диме Тодороски упати силен удар, Јовчевски успеа да одбрани, но топката дојде до Ѓорѓе Ивковиќ, кој зголеми на 3-0.Во 68 минута Брера стигна и до четврт погодок за конечни 4-0.За Пелистер ова е најтежок пораз досега, и сега се наоѓа на 8 позиција на табелата со 9 бодови, а другиот викенд го пречекува Тиквеш на домашен терен.