Денеска се одигра 17.коло од ВМФЛ.Во Битола се одигра битолското дерби помеѓу екипите на Пелистер и Новаци.
Тренерот Костов излезе на терен со променет состав, односно Дебрешлиоски го стартоваше овој натпревар на местото на Костов кој поради 5 жолти картони беше отсутен овој натпревар.Во првиот тим се најде и Танушев кој итекако го искористи моментумот и се запиша во листата на стрелци.
Првото полувреме започна интензивно и фудбалерите на Пелистер го држеа темпото на игра, и уште во 5 минута од натпреварот, најдобриот стрелец на тимот Христов постигна погодок откако во противничкиот шеснаесетник го измами голманот на Новаци. Но новачани не се откажаа така лесно и преку полу контра во 39 минута од натпреварот, фудбалерот Стојчев постигна гол за 1-1, но радоста не траше премногу, па Спиркоски го врати Пелистер во водство со гол во 44 минута.
Второто полувреме не понуди некои поголеми изненадувања, освен тоа што Пелистер ја запечати победата во 53 минута со голот на Ѓорѓи Танушев.Ова воедно беше и 6.та последователна победа на Пелистер.
Следен натпревар кој Пелистер го игра е на 02.03.2024 год. против екипата на Каменица САСА во 14:00 часот на стадионот Петар Милошевски во Битола.