Пелистер подобар од Локомотива Скопје

Фк Пелистер на домашен терен ја совлада екипата на Локомотива од Скопје со резултат од 2-1.

По одлични временски услови, на одличен терен, екипата на Пелистер ја запиша својата нова победа и нови 3 бода на своето конто.Фудбалерите на Пелистер тргнаа офанзивно и од првата минута дадоа до знаење на противникот дека повеќе ја посакуваат победата.Првиот гол стигна уште во 8-ма минута од првото полувреме каде по една мешаница во шеснаесетникот на противникот, Петар Љамчевски беше соборен и судијата означи на белата точка, каде ладнокрвно реализираше голгетерот Спиркоски Бојан.Во последната минута од првото полувреме, грешка во одбраната на Пелистер, и противникот погоди за 1-1, по што потоа се замина на пауза.

Второто полувреме започна со игра на средината, пелистерци го држеа поседот на топката во поголемиот дел од натпреварот, за во 71-ва минута од натпреварот, искусниот Маневски Борче да погоди за водство од 2-1, на крај и конечен резултат на овој натпревар.

Екипата на Пелистер се наоѓа на 4 место на табелата во ВМФЛ со освоени 56 бодови.

Следен натпревар ФК Пелистер го игра во Скопје, против вечниот ривал Вардар на 09.05.2023 во 17Ч.