Пелистер победнички се враќа од Струга

Денеска се одигра натпреварот од 14.коло ПМФЛ, каде нашите фудбалери гостуваа во Струга кај екипата на ФК Шкупи.

Пелистер натпреварот го отвори динамично и само со една цел, се тоа е победа.Па така уште во 4 минута од натпреварот, голманот на Шкупи веќе ја вадеше топката од својата мрежа, откако после еден центар шут на Спировски, го пронајде Здравковиќ кој постигна гол, но по проверка од ВАР, голот беше поништен.

Скоро цел натпревар Пелистер беше тој кој што ја диктираше играта, правеше шанси, додека пак Шкупи направи само две-три шанси кон нашиот гол.Првото полувреме заврши без голови, но затоа во второто Пелистер нагази и постигна брзи 3 голови, првиот гол го постигна Петар Петковски, вториот гол го постигна столбот на одбраната Александар Ристевски после еден центар шут од корнер, додека пак еврогол постигна Лука Булатовиќ, откако ефективно ја пласираше топката во горниот лев агол на противничкиот гол.

Со оваа победа Пелистер стигна до својата четврта победа, а следен натпревар Пелистер го игра на домашен терен на 29.11.25 против екипата на Македонија ЃП.