Денеска се одигра 10. коло од ВМФЛ, во кое нашите зелено бели им гостуваа на екипата на ГФК Охрид.Овој натпревар се одигра на стадионот Биљанини извори во Охрид.
Натпреварот започна непосакувано за нашиот тим откако уште во 24 минута од натпреварот нашиот тим имаше негатива од 1-0 со голот на Дишлиевски.Но момците на Костов брзо се созедоа од почетниот шок и конечно заиграа како што треба, па затоа се редеа шансите кон противничкиот гол па затоа стигна казната за охриѓани, па во 45+2 Христов изнедначи на 1-1 за конечен резултат во првото полувреме.
Второто полувреме започна динамично, битолчани заиграа многу подобро и во 59 минута стигна резултатот, односно гол првенец постигна Јошески кој со својот гол му донесе водство од 1-2 и голема радост на битолчани и Чкембари.
До крајот на натпреварот имаше уште неколку шанси за нашиот тим, но безуспешни, но покрај една мешаница во 91 минута од судиското продолжените, домаќините си постигнаа авто гол во соопствената мрежа за конечни 1-3 за Пелистер.
Фудбалскиот клуб Пелистер им се заблагодарува на најверните Чкембари за поддршката која што ни ја даваат на секој нареден натпревар, па така и на овој на кој ни беа 12 ти играч на теренот.
Следен натпревар кој Пелистер го игра е против екипата на Беса на 04.11.2023 во 13Ч во Битола.