Пелистер парафрира со Филип Бошковски!

Фудбалскиот клуб Пелистер на еден ден пред крајот на преодниот рок, го презентира своето четврто зимско засилување.После Тарасенко, Такахара и Џуриќ, за зелено-белиот дрес повторно ќе заигра Филип Бошковски, кој доаѓа од екипата на ФК Самтредиа, од грузиската прва лига.

Филип Бошковски е изданок од школата на Пелистер, кој подоцна настапи и за првиот тим на Пелистер, по што потоа направи трансфер во скопски Работнички, за потоа да направи и интернационална кариера, односно да заигра во странство во екипата на Самтредиа. Бошковски после година и пол во Грузија, се враќа во матичниот клуб со цел да помогне во остварувањето на целта оваа сезона, а тоа е секако задржување на позицијата во средината на табелата.

Бошковски за своето враќање во матичниот клуб даде и изјава за клубската веб-страница:

„Спремен сум за нови предизвици во мојот омилен дрес, здрав сум, и желен за да се докажам во зелено-белиот дрес, и исто така сакам да ги повикам на секој следен натпревар нашите Чкембари, кој се број 1 во Македонија, да ни дадат поддршка и да бидат нашиот 12-ти играч на теренот“ – изјави Филип.ги 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *