Во последните три недели во македонското првенство се сличија многу преседани, многу случувања кој никој не ги посакуваше.Откако прво екипата на Воска Спорт се реши да го напушти првенството на Македонија, истото го стори и екипата на Гостивар.Две екипи се откажаа од понатамошно натпреварување, а тоа донесе и два службени резултати во полза на Пелистер, и службени 6 бодови во овој момент.
Пелистер после две “слободни” недели, повторно ќе одигра вистински натпревар и тоа последен гостински натпревар оваа сезона против кратовски Силекс.Екипата на Захариевски напорно се подготвува овие денови за следниот предизвик, и максимално подготвено ќе патуваат во Кратово!
До крајот на сезоната останаа уште два натпревари да се одиграат, а пелистерци веќе одамна ја имаат остварено својата цел, а тоа е Пелистер да остане стабилен прволигаш.Претседателот на клубот Стојковски уште на почетокот на сезоната за клубската вебстрана даде своја изјава и најави дека Пелистер оваа сезона цели кон средината на табелата и стабилизација на клубот, а веќе од наредната ќе се обидат да стигнат и што погоре на табелата.Моментално клубот се наоѓа на 7-та позиција со 38 бодови на своето конто.
Следниот натпревар се игра на 11.05.25 во 17:00 часот на градскиот стадион во Кратово, а последниот натпревар оваа сезона пелистерци ќе го одиграат на домашен терен против екипата на Беса.
