Пелистер несреќно загуби во дербито

Денес во терминот од 17:00 часот, под рефлектори на стадионот Петар Милошевски се одигра 48-то вечно дерби на Македонија, помеѓу нашиот Пелистер и скопски Вардар.Тренерот на Пелистер, Милан Стојановски направи некоја промена во почетниот состав, па така во игра од првата минута ги уфрли шпицот Петковски на местото на Ивановски и по левата крилна позиција започна младиот и одличен Мрмачовски.

Првиот дел започна тактички од двете страни, Пелистер направи две полушанси, но ништо посериозно, додека пак вториот дел започна поинтензивно на двете гранки, но прв до погодок дојде противникот во 54 минута од натпреварот, но Пелистер не се откажа тука па веднаш возврати во 60 минута, каде Спировски со одличен шут од далечина се обиде да го совлада противничкиот голман, но топката се одби до Петар Петковски кој прецизно биеше во голот на Вардар за 1-1.

Кога се играше 80 минута од натпреварот, кога при еден дуел на Петковски и Денев, судијата досуди непостоечки пенал за противникот иако Петковски стартуваше чисто на топка.Вардар со овој пенал поведе со 1-2 преку Босанчиќ и ги однесе сите 3 бодови од Битола.

Следен натпревар кој екипата на Пелистер ќе го игра е во недела на 9.11.2025 во 13:00 на стадионот Петар Милошевски против екипата на Брера!