Денес се одигра вондредно коло од ПМФЛ, односно 12. коло во кое нашите зелено-бели се соочија со фаворитот на хартија, односно екипата на Гостивар.Шефот на стручниот штаб на Пелистер, излезе со скоро најдобриот состав, и се реши за малку потврда игра особено во одбранбениот дел, каде беспрекорно својата работа си ја завршија Ристевски и Гроздановски и Ивановски.С и Карчески.
Во првото полувреме вооглавно се играше тврдо и на средина на теренот со многу ситни прекршоци и без некоја посериозна шанса за гол на двете страни.Второто полувреме исто започна тврдо и овој натпревар не даде некоја светла точка, бидејќи ни едните ни другите не создадоаа некои шанси за гол.Костов во 74 минута се реши да го стави во игра бразилецот Фернандињо, кој што внесе свежина во тимот. Во 90 минута Пелистер изведе корнер, на кој што Фернандо центрираше, а Ивановски со глава ја смести топката во мрежата на домаќините, но кратко траеше радоста, поради досуден фаул од страна на Ивановски.Со овој нерешен резултат Пелистер успеа да стигне до 13 бодови на своето конто и да се искачи едно место погоре на табелата, односно на 8. место.
Следен натпревар е натпревар MUST GO за сите љубители на фудбалот, бидејќи Пелистер прв пат ќе игра ноќна утакмица во Битола, и тоа против Вардар.Натпреварот ќе се одигра во Недела на 03.11.2024 во 19:00 часот.
Пелистер ги повикува сите Битолчани, Чкембари да дојдат на овој натпревар и да направиме спектакл кој што ќе остани запаметен, а се надеваме и нова победа на вечното дерби.