
Фудбалерите на Пелистер им се вратија на победите во ВМФЛ, откако денеска на стадионот Петар Милошевски во Битола славеа со 1-0 со голот на Бојан Спиркоски уште во 6 минута од натпреварот.
Домаќините денеска тргнаа офанзивно по нови 3 бода, откако во прошлото коло се лизнаа на гостински терен.Момците на Костов дојдоја бо водство уште во 6 минута од натпреварот откако Бојан Спиркоски ја постогна гол за 1-0.
Гостите од Гевгелија немаше што да бараат во овој натпревар, беа надиграни во секоја смисла.Пелистерци се обидуваа да го зголемат водството, но два пати ја погодија рамката од голот на противникот и за наша жалост не го зголемија резултатот, па така овој натпревар заврши до конечни 1-0.Со оваа победа Пелистер ја зголеми бодовната разлика со третопласираниот и сега има три бода предност и се наоѓа на второто место на табелата.