
Денеска започната втората полусезона од ПМФЛ, а во Битола, Пелистер ја пречека екипата на Брера од Струмица.
Натпреварот почна онака како што пелистерции имаа замислено, ја презедоа иницијативата на теренот, особено по десната страна каде Ивановски Стефан беше прилично расположен, но за жал Тарасенко и капитенот Ивановски ме ги искористија своите шанси да го отворат резултатот на натпреварот.
На полувремето двете екипи заминаа на одмор без погодоци.Во второто полувреме играта на Пелистер некако затаи, се играше константно на средината на терренот без некоја посериозна шанса за двете екипи.На крајот двете екипи си ги поделија бодовите за конечни 0-0.
Захариевски дебитираше со нерешен резултат во ПМФЛ.Следен натпревар кој Пелистер ќе го одигра е против екипата на Тиквеш на 23.02.2025 во 14:00ч.


