
Фудбалерите на Фк Пелистер денеска славеа во дербито кое што се играше на стадионот Петар Милошевски во Битола .Во одлични временски услови ,и во одлична атмосфера во присуство на две навивачки групи Пелистер победи со високи 3-0 против денеска анемичниот Охрид !
Фудбалерите на Пелистер одлично го започнаа овај натпревар ,офанзивно како што и доликува на овој тим .Неколку стопостотни шанси беа пропуштени уште на почетокот ,за подоцна на околу половина час игра ,од левата страна корнер изведе одличниот Благоја Љамчевски за на вистинското место во шеснаесетникот на Охрид да се најде Томе Китановски кој со глава погодува за 1-0 и огромна радост на битолската публика.
Во вториот дел по еден каранбол во шеснаесетникот на Охрид, Миленковски украде топка и од левата страна со обид да центрира го погоди гостинскиот играч кој си постигна автогол и го доведе резултатот на 2-0 и одушевување на Чкембарите и останатите љубители на фудбалот.
Клуч на овој натпревар стави новодојдениот напаѓач Спиркоски Бојан матирајќи го голманот на гостите за конечни 3-0 во 53 минута по одлична акција и асистенција од Благоја Љамчевски .
Пелистер моментално се наога на 4тата позиција во ВМФЛ со 43 поени, 2 помалку од 3то пласираниот Гостивар, а 4 помалце од прво пласираната екипа на Воска Спорт.
Следен натпревар Пелистер го игра против прво пласираниот Воска во гости на ден 19.02.2023 во 15.00 часот,кој е своевидно финале за битолскиот клуб .Ги повикуваме сите Битолчани , Чкембари да ни дадат поддршка во борбата за влез во ПМФЛ .
