Изминатиот викенд се одигра првото коло во новата сезона од младинските лиги.Нашите момци се соочија со екипата на ФК Шкупи од Скопје.
Зелено-белите скоро па перфектно ја отворија новата сезона во која што забележаа три победи и еден пораз, односно само помладите пионери не успеаа да слават во Бутел.Сите останати категории ги победија своите противници.
Први на дуел во саботата излегоа помладите пионери кои што за жал не успеаа со победа да ја отворат новата сезона и забележаа минимален пораз од своите врсници со 1=0. Сликата ја поправија нивните поголеми колеги, односно пионерите кој што го победија Шкупи на гостински терен со 0-1, а единствениот погодок го постигна Капсаров во 31 минута од натпреварот.
Додека пак во неделата на стадионот со вештачка трева Павел Шатев во Битола своите натпревари ги одиграа кадетите и младинците.И двете генерации беа убедливи и ги добија своите натпревари со 5-1 односно 3-0.
Први излегоаа кадетите,кој си ја сватија работата сериозно и повеќе ја посакуваа победата, па падна Шкупи во Битола со 5-1.Головите за Пелистер ги постигаа: Лука Лисолајски со својот хет-трик во 9та, 35та и 41 минута, Дарко Димитровски во 51 минута, и Христијан Јовановски во 56 минута.
Во вториот натпревар младинците на Пелистер и Шкупи излегоа на мегдан и пелистерци прилично лесно го добија овој натпревар со 3-0.Зелено белите цел меч беа доминантни и не му дозволија на скопјани да помислат на победа.Головите за Пелистер ги постигнаа : Иван Каревски во 20 минута, Јовица Христовски во 30 минута и Андреј Петровски во 73 минута од натпреварот.