Пелистер доби нов координатор на младинската школа, а наскоро добива и нов управен одбор

Еден од македонските култни клубови, битолски Пелистер прави комплетна реорганизација во сите структури и новата сезона ќе ја започне со нов управен одбор и нов координатор на младинската школа. Имено, клубот го именува Златко Цветаноски за одговорен за академијата, која во минатото донела голем број репрезентативни имиња.

Цветаноски е добро познат на македонската јавност по работата со младите категории и под него око будно ќе се развиваат младите категории, кои треба да бидат „кичмата“ на сениорската екипа во иднина. Клубот ќе добие нов управен одбор пред почетокот на новата сезона и ќе отпочне процес, во кој експресно ќе се врати во Првата лига.

Стадионот „Петар Милошевски“ се наоѓа во завршна фаза на реновинарање на северната трибина, поставување на столчиња и рефлектори, па веројатно натпреварите од единствената Втора лига оваа есен ќе се играат пред полн капацитет и понекогаш и во вечерен термин.
Марјан Секуловски во понеделникот ги започна подготовките за сезоната 2022/23, а нови имиња во ростерот се Благоја ЉамчевскиИлче ПетровскиБурхан Мустафов, Кристијан Грозданоски и Филип Миленковски.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *