Пелистер доби нова управа – Митко Стојковски е нов претседател на Фк Пелистер !

Македонскиот второлигаш Пелистер конечно доби нов претседател кој ќе раководи со структурите на клубот. Исто така именувани се новите членови на управниот одбор.

На денешното вонредно собрание за нов претседател е избран Митко Стојковски. Легендарниот македонски репрезентативец се враќа во својот матичен клуб, во кој претходно како капитен го освои Купот на Македонија, а како спортски директор ја одведе екипата во Европа. Досегашен претседател на ФК Пелистер беше Пеце Стојчевски.

Во бордот на директори членуваат поранешните фудбалери Тони Мицевски, Пеце Цветковски и Златко Деловски, стопанствениците Трајан Вртковски, Павле Лазаровски и Сотир Николовски и претставници на Општина Битола, Блага Талевска (економист) и Стефанија Боцевска (правник).

Новата управа на чело со некогашниот репрезентативец на Македонија има за задача го стабилизираат клубот и да ја исполни желбата на битолската фудбалска јавност – тоа е што побрзо враќање во фудбалската елита на Македонија. 

Пелистер зимскиот дел од сезоната во ВМФЛ ќе го започне со нов кормилар, откако Бобан Бабунски го замени Марјан Секуловски.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *