Пелистер го освои Кавадарци!

Денеска се одигра редовното 20-то коло од ПМФЛ, во кое нашиот Пелистер се сретна со екипата на Тиквеш.

Натпреварот се одигра во Кавадарци, на кој присуствуваа двете навивачки групи, т.е Чкембари и Лозари.Првото полувреме се играше воглавно на средината на теренот без некоја посериозна шанса кон противничкиот гол.Во второто полувреме двете екипи ги отворија картите, а први до водство стигнаа домаќините во 65′ за 1-0.Но Пелистер не се уплаши и дополнително даде гас за израмнувачкиот погодок да стигне пред крајот на нстпреварот, односно во 85′ каде Наумоски Јорданчо со својот центаршут ја смести топката во мрежата на Тиквеш за 1-1, а 3 минути подоцна после еден центаршут бо шеснаесетникот на Тиквеш, капитенот Ристевски со глава „капитенски“ ја смести топката во голот за целосен пресврт на натпреварот и голема победа на нашите зелено-бели.

Своја изјава после победата даде и шефот на стручниот штаб на Пелистер, Срѓан Захариевски!

„Одигравме за наши услови добар меч. Двата тима до последен момент ја бркаа победата што се вели и мечот лесно можеше да отиде и во спротивниот правец. Ние денеска бевме посреќниот тим. Ова за нас е многу значајна победа. Честитки за сите актери на овој натпревар, вистински првенствен меч. Покажавме желба, карактер, знаење да се справиме во уште една тешка ситуација за нас. Се поправаме од меч во меч и тоа многу ми се допаѓа“

Со оваа победа Пелистер останува на 7-мата позиција на табелата.Следен натпревар кој Пелистер ќе го одигра е на 02.03.22025 против екипата на Фк Шкупи.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *