Пелистер гостува кај Силекс!

Утре, ќе се одигра 32.коло на Првата македонска фудбалска лига, каде нашиот Пелистер ќе му гостува на ФК Силекс во Кратово.Натпреварот ќе се одигра на градскиот стадион во Кратово, со почеток од 17:00 часот.

Момците на Захариевски, во предходните денови максимално се припремаа за овој натпревар и иако опстанокот е веќе обезбеден, Пелистер оди само на победа и нови 3 бодови.Шефот на стручниот штаб на Пелистер на располагање ќе ги има сите играчи и тоа ќе биде дополнителен мотив да зелено-белите стигнат до позитивен резултат.

Оваа сезона овие два тима ќе се сретнат по 3 пат, а во предходните два натпревари секој забележа по една победа, односно Пелистер го победи Силекс на домашен терен со голот на капитенот Мирко Ивановски, а додека пак на гостински терен Пелистер забежа пораз од 1-0.

Овој натпревар ќе го суди Ристевски Доне од Гевгелија, а негови помошници ќе бидат Тоше Ицев и Трпчевски Драган од Кавадарци, додека за четврт судија е делегиран Стојанче Стојанов од Штип.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *