Битолчани гостуваат во Скопје, кај екипата на Фк Вардар.Момците на Бабунски се спремни за следниот предизвик, последен на гостински терен оваа сезона.
По победата против Локомотива Скопје со 2-1 минатата сабота во Битола, екипата на Пелистер имаше краток период да се подготви за гостувањето во Скопје против домашниот Вардар, во рамките од 29. коло на Втората лига. Ова е еден од многуте натпревари на на двете екипи во историјата, откако во првиот дел на сезоната во Битола играа нерешено 2-2, пред 2000 гледачи и одличен амбиент.
Бабунски го има целиот ростер на располагање и битолчани се надеваат на продолжување на победничката серија.
Денеска играчите го имаа последниот тренинг пред натпреварот кој е на распоред утре во 17Ч.Свое видување за овој натпревар дадоја искусните Љамчевски Благоја и Драгарски Христијан, кој имаат многу вакви натпревари во своите кариери.
Според реномето на овие два клуба, и двата не заслужуваат да бидат во втора лига,меѓутоа околностите се такви какви што се.Утре играме против Вардар, вечно дерби и се надевам дека овој пат ќе издвојуваме победа, нема никакви калкулации одиме на три бодови во Скопје изјави Љамчевски Благоја.
Самиот збор вечно дерби, доволно кажува за тежината на овие мечеви.Остануваат уште две кола до крајот,Пелистер оди на победа и на утрешниот натпревар изјави Драгарски Христијан.
Click here to display content from YouTube