По поразот минатиот петок во Скопје, екипата на Пелистер цела недела се подготвува за гостувањето во Струмица против домашната Брера, во рамките од 2. коло на Првата лига. Овај натпревар е еден од многуте во низата на одиграни натпревари против екипата на Брера од Струмица.
Капинковски го има целиот ростер на располагање, освен повредениот Трајковски и битолчани се надеваат на позитивен резултат.Натпреварот ќе биде одигран во Понеделник на стадионот “Младост” во Струмица во 17:00 часот со директен пренос на МРТ 1.
Главен судија: Ѓоргиев Крумислав (Штип)
Асистенти: Петковски Мартин (Куманово) и Гигов Александар (Штип)
Четврти судија: Тафику Ндерим (Куманово)
Делегат: Игнатов Павле (Пробиштип)
Контролор: Шуклев Благој (Стојаково)
ВАР: Салихи Пларент (Тетово)
