Пелистер ги стартува подоготовките!

 

Фудбалскиот клуб Пелистер означи старт на подготовките за новата сезона во која клубот ќе игра во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Раководството и стручниот штаб на чело со Влатко Костов ја имаа првата прозивка на стадионот „Петар Милошевски“. Домашните засилувања Филип Тодороски, Виктор Серафимовски и Дамјан Масевски беа присутни на првата прозивка.

Се очекува во периодот кој следи да пристигнат и странски фудбалери со цел Пелистер да биде поконкурентен во ПМФЛ.

Тренерот Костов даде свое видување околу подоотовките и им посака успешен старт на сите фудбалери.

Со некои од играчите не се договоривме, некои не ги прифатија условите на Пелистер, па се разделивме. На стартот на подготовките веќе имаме три нови играчи, кои се надевам дека ќе бидат надоградени со четири до пет играчи, со кои сакаме да направиме ростер рамноправно да се носи со прволигашките. Што се однесува до подготовките, од среда ќе почнеме да работиме по двапати, а понатаму ќе следат пријателски натпревари, од 14 јули до 3 август. Се надевам дека Пелистер ќе биде еден стабилен прволигаш и ако ни се даде шанса ќе бараме повеќе. Во оваа прилика би сакал да се заблагодарам до сите кои учествуваа лани до местото кое водеше во Прва лига, благодарение и до раководството за се што прави за клубот. Сите заедно се надеваме на еден респектабилен тим кои со сите ќе се носи рамноправно“, изјави Костов.