
ФК Пелистер ја известува целокупната фудбалска јавност дека клубот ги пушти сезонските карти за сите домашни натпревари во слободна продажба
Сезонските билети се продаваат во Tobacco Brothers и Dimpo Tobacco местата низ градот и побрзајте да си обезбедите место за цела сезона. Приклучете се на веќе големиот број битолчани со сезонски билет за својот миленик.
Исто така ФК Пелистер ја известува јавноста дека картите за саботниот натпревар против екипата на ФК Новаци се исто така пуштени во продажба на истите продажни места по цена од 100 денари.
Картите можете да ги набавите по цена од 1000 денари.
Продажни места:
Dimpo Tobacco – Нов пазар
Dimpo Tobacco – Грозд
Dimpo Tobacco – Ленски мост
Tobacco Brothers – Широк Сокак