Пелистер во карантин, пред дербито со Гостивар !

Фудбалерите на Пелистер ги очекува големо дерби во Втората македонска фудбалска лига, в среда во Гостивар . Екипата која беше лидер на табелата пред да ѝ се одземат три бода има високи амбиции, меѓутоа слични аспирации имаат и пелистерци, особено по зимата и промените во клупската структура. 

Тренерот Бобан Бабунски го свика тимот во карантин, играчите ќе тренираат и ќе ја минат ноќта заедно пред важниот натпревар во Гостивар.

Еден од најискусните играчи во таборот на битолчани , Благоја Љамчевски даде свое видување :

Максимално го респектираме ривалот. Ние имаме наши сметки, се надевам ќе одиграме споре замислите на тренерот. Ќе дадеме сè од себе за да дојдеме до позитивен резултат“, кажа Љамчевски. 

Пресметката меѓу Гостивар и Пелистер е закажана за в среда од 14:00 часот на градскиот стадион во Гостивар.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *