Пред последниот тренинг во Битола пред стартот на сезоната и првиот натпревар во Скопје против Вардар, пред медиумите зборуваа фудбалерите на Пелистер. Тие ја потенцираа подготвеноста за сезоната и мотивираноста за првиот натпревар и големото дерби во Скопје.
Јорданчо Наумоски
(фудбалер на ФК Пелистер)
Максимално сме подготвени за гостувањето во Скопје. Имаме максимален респект за Вардар, екипа составена од одлични фудбалери и одличен тренер, но сите знаеме каква тежина има ова македонско дерби. Се надеваме дека трите бода ќе ги донесеме во Битола и ќе славиме со нашите навивачи, кои ќе нè бодрат во Скопје.
Филип Бошковски
(фудбалер на ФК Пелистер)
Спремни сме за почетокот на сезоната и за дербито со Вардар. Сите знаеме каков натпревар ни следи и атмосферата во нашата соблекувална е одлична. Со нетрпение го чекаме натпреварот, го респектираме противникот, но цел ни е да ги донесеме бодовите во Битола. Тоа би бил добар почеток за нас и за нашите навивачи „Чкембари“. Со добра игра и исполнување на задачите од стручниот штаб можеме да ја исполниме целта.
Натпреварот Вардар – Пелистер се игра в петок од 20.00 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
