Пелистерци пред нов предизвик наречен – Башкими

тренинг

Овој викенд фудбалерите на Пелистер го пречекуваат тимот на Башкими од Куманово на стадионот Петар Милошевски во Битола.За време на репрезентативната пауза нашите фудбалери тренираа во полн ек и се спремаа за следниот предизвик кој им следи овој викенд, а тоа е екипата на Башкими од Куманово.

Влатко Костов се чини дека конечно после еден месец на располагање ќе го има капитенот Љамчевски кој итекако му недостасуваше во предходните натпревари.Исто така сите останати фудбалери се во строј и ќе чекаат на својата шанса во Сабота, единствено кој ќе недостасува е десниот бек Пановски кој го чека подолга пауза поради повредата на коленото.

Натпреварот се ига во Сабота на стадионот Петар Милошевски во Битола, во 13:00 часот.ФК Пелистер ги повикува сите вљубеници во фудбалот и секако најверните Чкембари да дојдат во што поголем број и да ни дадат дополнителна поддршка.