Денеска се одигра 5-тото коло од Првата македонска лига, каде нашите зелено-бели го пречекаа тимот на ланскиот шампион Струга.Пред околу 2000 гледачи кој дојдоа да го бодрат нашиот тим, пелистерци влегоа во натпреварот по малку и резервирано и ја чекаа својата шанса.
Тренерот Костов со неколку промени од прошлиот натпревар, односно на местото на Иванвски Стефан, играше Стојановски Христијан, додека пак Љамчевски Благоја се врати во стартниот тим после неколку натпревари.Во нападот диригираше капитенот Ивановски Мирко заедно со Спиркоски,Талевски и Георгиев од по странините позиции.
Пелистер во првото полувреме играше и создаваше шанси, но за жал на спротивната страна, противникот создаде една шанса која што Кихинде ја претвори во погодок за водство на стружани од 0-1.Но пелистерци не застанаа тука, напротив пред крајот на првото полувреме на десната страна беше досуден слободен удар за Пелистер, а кој друг ако не Љамчевски го изведе перфектно овој слободен удар и топката го погоди противничкиот играч Радич кој си постигна автогол за 1-1 и голема радост на битолчани.
Второто полувреме зелено-белите како да се осоколија, ги редеа шансите пред голот на Стевковски, а деби на овој натпревар забележа и бразилецот Лукас Кардосо.Пред крајот на натпреварот две колосални шанси имаше Спиркоски кој за жал не ги искористи и Пелистер не стигна до победа на овој натпревар и овој натпревар заврши со конечен резултат од 1-1.
Следен натпревар е натпреварот од 1/16 финалето од Купот на Македонија, а Пелистер ќе му гостува на екипата на ФК Скопје на 18.09.2024.