Пелистерци доминантни против ФК Борец .

Екипата на Пелистер, доминантно го одбрани домашниот терен против екипата на ФК Борец од Велес, со резултат 4-0.Пелистерци го имаа натпреварот во своја контрола од почетната минута, па се до крајот.Првото полувреме донесе еден гол, и тоа Спиркоски Бојан во 34 минута по една убава акција од десната страна.Затоа во второто полувреме следуваше комплетна доминација на нашата екипа, за во 57 минута Спиркоски Бојан одново го зголемува водството за 2-0.Следуваше период на уште два гола, и тоа на Љамчевски Благоја во 62 минута, и пет минути подоцна во 67 минута од натпреварот, хет трик прави Спиркоски Бојан со својот трет погодок.

Екипата на Пелистер со оваа победа дојде до 50 бодови на табелата и на само 5 бодови заостанување од местото кое води во баражот за ПМФЛ.

Следениот натпревар ФК Пелистер игра го игра во гости кај ФК Беласица во Струмица на 23.04.2023 во 16Ч.