Експедицијата на Пелистер денеска ја заврши втората фаза од зимските подготовки кој беа оддржани во Охрид, и од денеска се враќаат во својата база во Битола каде ќе ги привршуваат подготовките и ќе го чекаат стартот на втората полусезона на ВМФЛ.
Во текот на 10 дневниот престој во потоплиот Охрид, нашите фудбалери одиграа 4 подготвителни натпревари. каде забележаа 2 победи и 2 порази .ФК Караорман и ФК Поградец беа првите два спаринг партнери каде што нашиот тим издвојува победа, а ФК Силекс и ФК Охрид се останатите спаринг партнери, каде што за жал Пелистер не успеа да победи.
Свое видување за подготовките даде и тренерот Костов:
-Ова е фактички втора фаза од зимските подтотовки која моравме да ја одработиме на потопло во Охрид, каде работевме на работа со топка и воигрување на тимот преку контролни натпревари. Мислам дека максимално ги искорстивме одличните услови кои во овој дел на годината не можевме да ги имаме подобри. Покрај одличните услови за тренинг имавме и квалитетни противници, Затоа упатувам огромна благодарност што мене, како тренер, и на фудбалерите тоа ми се овозможи од страна на раководството на клубот. Секако можам да изразам благодарност и за гостопримството кое го имавме од вработените во хотелот. Денес го затвораме овој дел од подготовките и веќе од утре, во преостанатите две седмици до стартот на пролетниот дел ќе ја работиме последната фаза од подготовките.
Што де однесува пак до тимот имам сознанија за тоа кој ќе стартува, а околу 80 проценти ги имам имињата, остануваат уште некои дилеми. Јасно ми е со што располагам, а ќе кажам дека Пелистер има квалитет да биде во тие две места, односно две екипи, кои ќе изборат директен пласман во Првата лига. Остануваме на овој тим, ние и претходно рековме дека тие фудбалери кои се подготвуваат, што сакаат да бидат членови на Пелистер треба да ги одработат подготовките максимално, а овие фудбалери се приклучени од првиот ден и работат максимално. Мислам дека сме пополнети на сите места. Фудбалерите во Втора лига се аматери, немаат професионални договори, а доколку некој сака да замине, и ако има таков ние ќе разговараме со еден или два фудбалери до почетокот на преодниот рок.
Исто така изјава за подоготовките даде и капитенот на екипата Благојче Љамчевски.
Овде во Охрид покрај тренинзите одигравме и неколку натпревари, а денес завршуваме со натпревар против екипата на Охрид. Во овие натпревари сите играчи кои добија шанса добро се претставија и докажаа дека сме добро подготвени за престојната полусезона. Се надевам дека ќе почнеме добро со победи. Четврто коло одиме на Детонит и мислам дека тој натпевар ќе го одреди текот на полусезоната. Доколку останема непоразни таму, или се вратиме со три бода, се отвора нашиот пат за прва лига. Сите фудбалери се во одлична форма и се надевам дека така ќе биде до стартот, а тука ќе додадам дека и атмсферата во тимот е одлична, другарството на доста добро ниво, односно има добра хемија во екипата. Сето ова кое го кажав е предуслов за тоа дека амбициите кои ги имаме ќе бидат остварени, а тоа е Прва лига.
Додека најискусниот во нашиот тим Борче Маневски го изјави следното:
-Денес го играме последниот натпревар во оваа фаза на подготовки кои ги одработуваме во Охрид, а за досегашниот дел можам да кажам дека добро сработивме, колку што дозволуваа условите на тенините каде трениравме и игравме, кои беа во голем дел замрзнати. Првиот натпревар го игравме на вештачка трева, а со денешниот три натпревари на природна трева. Сите играчи го дадоа максимумот, и се надевам дека ја искористија минутажата и шансата која им беше дадена. Сега тренерот ќе има доволно време до стартот на првенството да одлучи во кој состав и како ќе започнеме. Мислам дека од наша страна се беше добро, добро се подготвивме, но сепак тој го има последнит збор во однос на составот и тактиката. Прво нека сите фудбалери бидат здрави и се надевам дека ќе тргнеме на стартот со победи и да стигнеме со доа прво место, или второ место кое води до првата лига.