Одложен денешниот натпревар против Шкупи

Денешниот натпревар кој требаше да се одигра помеѓу нашиот Пелистер и скопски Шкупи и официјално е одложен за Вторник.Причината поради која овој натпревар се одложува е катастрофалната состојба на теренот во Струга, и истиот е целосно поплавен од постојаните дождови.Комисијата за натпревари не дозволи да се одигра овој натпревар на терен што нема елементарни услови за одигрување еден првенствен натпревар.