Нов фудбалер на денешниот тренинг на ФК Пелистер е Борјан Пановски. Млад фудбалер кој доаѓа од ФК Гостивар а има настапувано за ФК Работнички, ФК Охрид и ФК Тетекс. Игра по десната страна а можи да настапува и како десно крило или десен бек.
Чест ми е да настапувам за ваков клуб како што е ФК Пелистер и сметам дека заеднички ќе ја оствариме зацртаната цел а тоа е ПМФЛ.
Новиот фудбалер денеска позираше во дресот на Пелистер, а веќе го одработи и првиот тренинг со новата екипа.Пановски парафрираше договор на една година со ФК Пелистер.