- ФК Пелистер го промовира Наумче Бакрачески. Тоа е уште едно прволигашко засилување со кое го зголемува ростерот и конуренцијата во средниот ред во тимот. Бакрачески е 25 годишен и доаѓа од ФК Брегалница а има настапувано и за ФК Тиквеш. Деновиве се очекува уште едно засилување кое ќе го засили нападот на ФК Пелистер.
- Ново име во тимот на ФК Пелистер е и 20 годишниот Никола Наумовски кој игра во нападот а претходната година настапуваше за ФК Вардар. Младиот напаѓач е изданок од школата на ФК Пелистер. Наумовски како и останатите се приклучи да допринесе за својот тим во трката за првото место на табелата во втората единствена лига на Македонија.
- Христијан Гроздановски е исто така уште едно големо засилување во редовите на одбраната ФК Пелистер. Гроздановски доаѓа од ФК Воска а претходно ги бранеше боите на ФК Работички и ФК Силекс.
- Уште едно засилување од првата лига за ФК Пелистер е Бурхан Мустафов. Тоа е 28 годишниот искусен прволигашки играч а потекнува од школата на ФК Пелистер. Доаѓа од прволигашот ФК Ренова а има настапувано за ФК Победа , ФК Струга Тримлум, Силекс а има и меѓународна кариера во Албанија за прволигашот ФК Теута. Овие денови го очекуваме потписот и на други играчи кој сметаме дека ќе го засилат тимот за побрзо враќање во Првата лига.