Стојковски: Пелистер може подобро, втората полусезона ќе биде подобра!

После завршетокот на првата полусезона, фудбалерите се на одмор за божиќните и новогодишни празници, но клубот работи во полна пареа, односно управата на Пелистер веќе ја планира втората полусезона која почнува на средината од Февруари.

Новогодишно интевју за клубската веб страна даде и претседателот на ФК Пелистер, т.е господинот Митко Стојковски кој ја оцени првата полусезона во кратки црти, а исто ја најави и втората полусезона во која Пелистер ќе влезе подобро и помотивирано!

  1. Господине Стојковски, првата полусезона заврши, какви се впечатоците?

Првиот дел од сезоната, односно одиграните 18 колa, во клубот ги оценивме како солидни, иако мислам дека можевме повеќе.Сигурен сум дека тимот има потенцијал да игра подобро и да постигнува подобри резултати.Мислам дека доста играчи беа далеку од нивниот максимум, поготово кога зборуваме за офанзивниот дел, во делот на креација на шанси и на реализација.Се надевам дека во вториот дел од сезоната ќе ги корегираме овие работи!

  • 2. Дали Пелистер ќе се засили во зимскиот преоден рок?

Сигурно размислуваме за да го засилиме тимот , меѓутоа само со играчи кој што ќе бидат вистински појачувања на тимот, односно играчи кои што ќе направат разлика на теренот.Доколку не најдеме такви играчи на пазарот по цена која што можеме да ја платиме и да е во рамките на нашиот буџет, тогаш нема по секоја цена да ангажираме нови играчи!

  • 3. Дали Пелистер планира зимски подготовки и ако да каков е планот?

Да имаме во план да одработиме зимски подготовки, исто желба ни беше да одиме надвор од Македонија, меѓутоа нашиот буџет не ни го дозволува тоа.Делот од припремите кога треба тимот да се воигрува ќе го одработиме во Охрид, каде што исто така ќе одиграме неколку подготвителни натпревари.

  • 4. Кои се целите на клубот за остатокот од сезоната?

Па видете, целите на клубот остануваат исти, односно резултатски да останиме на позицијата на која што сме моментално, а тоа е средината на табелата.Многу важно за мене е во наредниот период клубот да обезбеди стабилно финансирање, да растеме како клуб гледано од секој аспект.На клубот многу му е потребен поголем буџет за да го достигне нивото кое што го сакаме сите кои сме инволвирани во него, и секако да ја исполниме желбата на нашите најверни навивачи, односно Пелистер да го видат во борба за излез во Европа, а зошто да не и во борба за првак на Македонија!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *