Мирко херој, Вардар на колена пред Пелистер!

Денес се одигра долго очекуваното 13.коло во ПМФЛ, денес се одигра спектаклот во Битола, денес се одигра ДЕРБИТО НА МАКЕДОНИЈА!

Тоа што долго се најавуваше, денеска се оствари, Битола и Пелистер дочекаа првенствен натпревар во вечерен термин на стадионот Петар Милошевски, и тоа целосно распродаден стадион, уште 3 дена пред натпревар.Пелистер го дочека вечниот ривал Вардар, а со самото тоа запиша и голема победа во ова дерби.

 

Стадионот прими и гостински навивачи, па во Битола присуствуваа преку 7,500 илјади гледачи што во македонскиот фудбал многу ретко го има.Двата тима излегоа на терен да се надигруваат и подобриот да победи.Првото полувреме се играше тврд натпревар без многу калкулации, единствена цел беше да се сочува соопствениот гол, а два пати Мирко Ивановски биеше во рамките на голот, но сето тоа беше млако и недоволно за гол.На пауза се замина со 0-0, но битолчани и Чкембари имаа големи очекувања од битолските фудбалери.

Второто полувреме, противникот имаше свои минути и се закануваше кон голот на Јовчевски, но репрезентативниот голман беше на висина на задачата и не дозволи изненадување.Пелистер стрпливо ја чекаше својата шанса, а таа ја доби во последната минута од судиското продолжение, баш тогаш кога е најслатко, т.е после еден центар шут на Љамчевски во шеснаесетникот на Вардар, топката ја прифати Георгиев и со својот прв допир ја продолжи до капитенот Ивановски, а овој немилосрдно биеше во мрежата на Вардар за 1-0 и лудило на стадионот во Битола!

Пелистер ја заслужи оваа победа, а посебна вредност имаа оваа победа кога се прославува пред полн стадион и пред свои навивачи!

Со овие 3 бода, Пелистер скокна на 7 позиција на табелата во ПМФЛ со 16 бодови, а следен натпревар е во Сабота на 09.11.2024 против кратовски Силекс.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *