Денес се одигра третото коло од ПМФЛ, во кое Пелистер беше домаќин, а за противник го имаше секогаш незгодниот Силекс.Момците на Костов излегоаа мотивирано и желни за прва победа во новата сезона и заслужено ја добија.
Костов се одлучи Мирко Ивановски да биде стартер на овој натпревар и очигледно дека не погреши.Исто така на овој натпревар Ивановски беше и капитен од првата минута, со оглед на тоа што Љамчевски не беше во првите 11.
По навистина жешко и спарно време, Пелистерци одиграа навистина на едно големо ниво, недозволувајќи на противникот да создаде шанса.Неколкуте шанси на Пелистер во првото полувреме беа доволен доказ за тоа кој ја сака повеќе победата, со оглед на тоа дека беше погодена и стативата на противникот.
Во второто полувреме Пелистер продолжи да ја бара својата шанса и конечно по еден центаршут на Керим, Ивановски во улога на расен стрелец како што и умее, ја погоди мрежата за 1-0 и голема радост на битолчани.
До крајот на натпреварот се играше тешко со оглед на жешкото време, па така Пелистер стигна до првата победа оваа сезона!
Со овие 3 бодови се искачи на шестото место на табелата.
Фото: BitolaNews