Купете сезонски билет ONLINE

Оваа сезона со доаѓањето на новата управа на чело со господинот Александар Стефановски, клубот започна едно ново поглавје во својата историја, а тоа е дека од денес во погон клубот ја пушти новата платформа за онлајн продажба на сезонски билети.Фановите на Пелистер од целиот свет можат да купат сезонски билет и со тоа ќе имаат привилегија цела сезона, односно сите домашни натпревари во сите категории да ги гледаат за само 2.500 денари.Сезонските билети може да ги најдете на www.fkpelister.digitalvario.com, но и на нашата официјална вебстрана.

Да напоменеме дека оваа недела исто беше пуштена и продажбата на оригинални дресови од оваа историска година за ФК Пелистер во која клубот слави 80 години постоење.Големиот интерес на битолчани е очекуван и првата тура на дресови беше комплетно распродадена во рок од 90 минути.Клубот во оваа прилика ги известува сите симпатизери кои не стигнаа да купат дрес, дека ќе имаат прилика во наредниот период да купат дрес од својот омилен клуб.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *