Крумислав Ѓоргиев ќе биде главен судија во Битола!

 

Фудбалската федерација на Македонија во текот на вчерашниот ден ги делегираше судиите за третото коло од ПМФЛ.

Главен судија за натпревар во Битола помеѓу екипите на ФК Пелистер и ФК Силекс кој ќе се одигра во недела во 16:00 часот ќе биде Крумислав Ѓоргиев кој доаѓа од Штип.Овој судија за прв пат оваа сезона ќе им суди на битолчани.На Ѓоргиев ќе му помагаат следните судии: Јанкуловски Зоран од Кичево како прв помошник, Дејановски Мартин од Кичево како втор помошник, Стојанов Стојанче од Штип ќе биде четврт судија, Марковски Гоце од Охрид ќе биде делегат на натпреварот, а додека контролор на натпреварот ќе биде Манасиев Горан од Велес.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *