Новата фудбалска сезона почнува за неколку дена, а во неа со големи амбиции влегува ФК Пелистер. Со реновиран тим, нова клупска управа и нов шеф на стручниот штаб, нашиот клуб очекува да го продолжи развојот по сезоната 2024/25 во која го освои шестото место во Првата фудбалска лига. Единствениот акционер на клубот, Општина Битола, изготви буџет за исполнување на клупските цели и целосна стабилизација на клубот.
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, пред попладневниот тренинг ги посети фудбалерите и им посака добро здравје и успешна сезона, Градоначалникот ја вети поддршката која клубот со години ја добива од Општината, а сезонава со соработка во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) работи на комплетирање на проектот за реновирање на стадионот „Петар Милошевски“.
Екипата на Пелистер првиот натпревар за бодови го игра против Вардар, в петок (8 август) од 20:00 часот во Скопје.
