Капинковски: Задоволен сум од сработеното до сега

Димитар Капинковски задоволен од првата сработена недела, закажани неколку контролни натпревари и најавени нови засилувања кои треба да се приклучат на тимот во наредниот период.

„Задоволен сум од сработеното во првата недела од подготовките. Се одработија единаесет тренинзи во одлична, позитивна и работна атмосфера.”

,,Во подготвителниот период ќе одиграме пет контролни натпревари, со цел екипата што подобро да се запознае и подготви за почетокот на новата сезона. Најпрво ќе тестираме со Струга Т.Л., потоа со Трајал од Крушевац во Битола, со Македонија Ѓ.П. во Охрид, па со Охрид во Битола, а според планот, последниот контролен натпревар е закажан со грчкиот тим Егалео во Охрид.”

,,Во интензивни преговори сме со неколку играчи, со дел од нив сме во завршна фаза, и ако сè оди според планот, во наредната недела треба да пристигнат под „Тумбе Кафе“.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *