ФК Пелистер денеска го одржа последниот тренинг пред утрешниот натпревар против екипата на Детонит Плачковица.Свое видување имаа и двата првотимци Бојан Спиркоски и Петар Љамчевски.
Бојан Спиркоски – Како и на секој натпревар, наша должност е да одиме на 3 бодови и да прикажеме добра игра.Се надеваме на голема поддршка од нашите најверни навивачи т.е Чкембарите како што беше и досега.
Петар Љамчевски – Утре не очекува многу тежок натпревар, ние многу добро ја познаваме екипата на Детонит.Прошлата полусезона таму го загубивме натпреварот со 1-0, но затоа сега сакаме да му се реваншираме.Знаеме дека ќе биде тешко, бидејќи после киксот со Воска секој натпревар за нас е финале и на секој натпревар одиме на победа, и се надевам дека на крај целта ќе ја оправдаме и ќе се пласираме во ПМФЛ.
ФК Пелистер уште еднаш ги повикува сите љубители на фудбалот, и секако најверните навивачи Чкембари да не поддржат на утрешниот натпревар.Карти за овој натпревар може да набавите во ДИМПО Тобако и Brothers Тобако, како и на билетарницата на новата трибина на еден час пред одржување на натпреварот.Влезниците ќе се продаваат по цена од 100 денари .
Click here to display content from YouTube