Немања Здравковиќ од денеска е официјално и нов фудбалер на Пелистер, и тој одма ќе му се стави на располагање на тренерот Капинковски.Веднаш по пристигањето во Битола, тој ги искажа и своите импресии за градот и клубот
,,За Пелистер слушнав од татко ми, бидејќи и тој е поранешен фудбалер. Знам дека станува збор за клуб со богата историја, а запознаен сум и со тоа дека имаат страствени навивачи, што за мене беше дополнителен мотив да дојдам.”
,,Дел од градот веќе го запознав, а досега сум одлично прифатен од страна на соиграчите и стручниот штаб. Ќе се потрудам да дадам сè од себе и да ги оправдам очекувањата.”
